Собраниската служба почна официјално да известува за активноста на претседателот на Собрание Талат Џафери

 

 

              С О Б Р А Н И Е

  НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

—————————————————

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНО ИНФОРМИРАЊЕ

    И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА

Прв работен ден на претседателот на Собранието

Новоизбраниот претседател на Собарнието на Република Македонија, господин Талат Џафери, денеска својот работен ден го започна во претседателскиот  кабинет.

Toj заедно со членовите на својот кабинет и со собраниските служби работи на сите оние формално-административни работи, кои мора да бидат направени за нормано функционирање и вршење на функцијата претседател на Собранието на Република Македонија.

Инаку самиот чин на примопредавање беше извршен најнормално како што доликува на принципите на парламентаризмот.

Кабинет на Претседател на Собранието на Република Македонија


 

 

                С О Б Р А Н И Е

  НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

—————————————————

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНО ИНФОРМИРАЊЕ

    И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА

Претседателот на Собранието, г. Талат Џафери го прими евроамбасадорот Жбогар

Претседателот на Собранието на Република Македонија, господин Талат Џафери, предпладнево, во својот кабинет, го прими aмбасадорот на Европската Унија, г. Самуел Жбогар.

На средбата, амбасадорит Жбогар уште еднаш му го честита изборот на господин Талат Џафери, истакнувајќи дека со ова Собаранието и Република Македонија продолжуваат со процесот на целосна интеграција во евроатлантските структури.

Од своја страна претседателот на Собранието, господин Талат Џафери истакнал дека тој со преземањето на функцијата, пред сè, ќе работи на јакнење на демократските процеси и целосно остварување на принципите на парламентарната демократија во функционирањето на Собранието како законодавен дом.

Очекувам, истакна претседателот Џафери, брзо формирање на новата Влада и потоа сите заедно почитувајќи ја, пред сè, самостојноста на сите гранки на власта да работиме за добробит на сите граѓани на Република Македонија, како и за остварување на нашите стратешки определби, а тие се членство во НАТО и во ЕУ.

= = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = =

Одделение за јавно информирање и односи со јавноста

3.5.2017 год.

= = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = =