Советникот на Трамп за национална безбедност Мајкл Флин поднесе оставка

Советникот за национална безбедност на американскиот Претседател Доналд Трамп, Мајкл Флин, поднесе оставка по скандалот во текот на разговорот со рускиот амбасадор. По ова Трамп веднаш го именуваше на неговото место пензионираниот генерал Џозеф Келог.

,,Во текот на мојот мандат, имав бројни разговори со странски колеги, министри и амбасадори“-напиша Флин во оставката.

View image on Twitter

POTUS Trump Names Lt. General Joseph Keith Kellogg, Jr. as Acting National Security Advisor-Accepts Resignation of Lt. General Michael Flyn

“Целта на овие разговори беше да ги забрзам напорите на Претседателот да се олесни контактот меѓу него, советниците и странските државници. Такви разговори се вообичаени при секој административна транзиција на власт. Меѓутоа, ненамерно не го запознав Претседателот со целата содржина на мојот разговор со рускиот амбасадор, за што се извинив“-напиша Флин во својата оставка.

Имено, пред инаугурацијата на Трамп, Мајкл Флин разговарал со рускиот амбасадор во Америка за можно намалување на санкциите кон Русија.