Совет на Европа ја поддржа мафијата во Македонија

По одлуката на мнозинството парламентарци од 47-те земји членки на Совет на Европа кои гласаа Јован Илиевски да биде судија во Судот за човекови права во Стразбур, не стивнуваат реакциите на негодување и изненаденост кај нас.

Професорката Мирјана Најчевска, експерт за човекови права и слободи, жестоко реагираше на овој избор и напиша на својот ФБ профил:

,,Советот на Европа е составен од група многу поткупливи луѓе кои немаат појма од човекови права.

Советот на Европа со изборот на Јован Илиевски за судија во ЕСЧП покажа дека ја поддржува фашистичката власт во Република Македонија. Едене единствен кандидат да беше, не смееше да биде избран, а во споредба со Наташа …

И јас дефинитовно немам верба во овој суд. Немам верба дека е составен од луѓе кои можат да судат врз основа на ЕКЧП.

Срамна и бедна одлука на Советот на Европа која ќе има далекусежни последици не само врз Македонија туку врз секој иден случај кој ќе дојде пред судот, а кој ќе биде решен со мито.

Ова беше местото каде што се бараше конкретна одлука на европските држави да покажат кого го поддржуваат во оваа држава.

Не продавање пуфки, не држење лекции, не држење предавања.

Требаше да изберат.

И тие избраа.

Јасно и гласно ја поддржаа мафијата.

Срам да ви е”.- Мирјана Најчевска

Најчевска своите ставови често ги пласира на својот ФБ профил.