Совет на општина Куманово не изгласа поставување спомен обележје за загинатите полицајци во ,,Дива населба“

,,Заев продолжува да гази по достоинството на бранителите и нивните семејства, и да ја потценува жртвата што ја дадоа македонските херои во Диво Насеље.

Советот на општина Куманово вчера донесе срамна и скандалозна одлука, одбивајќи поставување на спомен обележје на: Жарко Кузмановски, Ненад Серафимовски, Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Исмед Османи, Љубиша Аранѓеловиќ и Горан Стојменовиќ, македонски бранители кои ги дадоа својот живот за нашата татковина.

Каков е третманот на СДСМ кон бранителите, доволно говори фактот што нивниот градоначалник Максим Димитриевски покрена иницијатива за поставување на споменик на странска компанија КБР, која според неговите зборови, била заслужна за Куманово затоа што ги носела на работа во странство. Зарем според Максим Димитриевски нашите херои не се заслужни не само за Куманово, туку и за цела Република Македонија?

 

Оваа срамна и скандалозна одлука на СДСМ е само уште една во низата со која ги понижуваат бранителите, сите паметиме дека ден по настаните во Диво Насеље наместо да ги посетат повредените и семејствата на загинатите Заев и Спасовски отидоа на местото каде што загинаа хероите се смееја и се фотографираа.

Ваквиот однос на СДСМ продолжи со паролите „Куманово пак да ви се деси“ , со кои што ја навредуваа полицијата за време на вандалските протести. Понижувањето кулминираше со посетата на Заев на Косово и средбата со Рамуш Харадинај на денот на годишнината, кога наместо на помен на жртвите отиде кај човекот кој има даваше парични награди на семејствата на терористите.

ВМРО-ДПМНЕ му порачува на Зоран Заев и на СДСМ да не помислуваат да гои ослободат терористите од Диво Насеље, секој обид да ги ослободат терористите ќе ги направи Заев и СДСМ соучесници во убиството на македонските херои.  Луѓето кои го дадоа својот живот за татковината, ја заслужуваат нашата почит, а не да се гази врз нивната жртва, дадена за нашата иднина“-реагира ВМРО ДПМНЕ.