Совет на јавни обвинители бара СЈО да назначи нов обвинител за предметот ,,Шлаканици за Жерновски“

Јавните обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи го прекршиле етичкиот кодекс на Јавни обвинители на РМ, заклучи Советот на јавни обвинители.

,,Дадовме препорака да се определи друг јавен обвинител што ќе го застапува обвинението во кое се обвинети Никола Груевски, како првообвинет и други лица“. Ова го изјави претседателот на Совет на јавни обвинители Петар Аневски.

 

Казните за однесувањето Фетаи и Јанева ги добија на 22-ри минатиот месец, кога на судијката Татјана Михајлова и се обратија со зборовите ,, не сме тука затоа што сте убава, а обвинителката Јанева побара од неа да си поднесе оставка. Рочиште за овој предмет е закажано за утре.

Во овој предмет, обвинети се 14 лица, од кои пет лица како поттикнувачи, а останатите како директни извршители на насилството. Првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски, а обвинети се и ексминистерот Миле Јанакиески и поранешната советничка во Општина Центар, Даниела Рангелова. Според обвинението, Груевски во случајот е нарачател на насилството, а Јанакиески прифатил преку партиски членови да го спроведе насилството врз градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски и членовите на општинскиот совет.