Содружникот на ,,Дрисла“ Блаже Игњатовски е на чело на фирмата која увезла опасен отпад во Бугарија

Блаже Игњатовски, претставник во Собирот на содружници во депонијата ,,Дрисла“ е на чело на бугарската компанија ,,Блацион“, во која тој е раководител со уште двајца Италијанци, а преку која е увезен опасен токсичен отпад за согорување во ТЕЦ ,,Бобин дол“.

Актуелниот директор на ,,Дрисла“, Горан Ангелов, поранешен градоначалник на Виница од редовите на ВМРО ДПМНЕ има удел со 15 проценти во истата фирма.

Горан Ангелов

Минатиот октомври во Бугарија избувна голем скандал откако беше откриен токсичен отпад увезен од Италија.

Десетици контејнери со опасен отпад беа транспортиран за горење во бугарскиот град Ловеч, но поради силната миризба и печење на очите, инспекторите ја открија измамата.

btvnovinite.bg

Премиерот Бојко Борисов најави строги контроли и мерки на следните пратки увезен отпад.

https://btvnovinite.bg/bulgaria/bojko-borisov-nabeljazali-sme-merki-za-bokluka-ot-italija.htmlh

Интересен податок може да се открие на интернет ако го побарате името на содружникот Игњатовски.

Тој, заедно со Горан Ангелов, во 2014 година на владиката Иларион му подариле џип!

Митрополитот Брегалнички г. Иларион за потребите на Брегалничката епархијата доби на подарок Џип „Гранд Широки“ од г. Горан Ангелов, Директор на „Дрисла“ од Скопје, г. Блаже Игњатовски, сопственик на фирмата „Итал – Мас Уно“ од Скопје,  и нивните бизнис соработници, е објавено 2014 година.

fafasdf54353
Горан Ангелов, владиката Иларион и Блаже Игњатовски

,,Во таа пригода и за непрестајното помагање на црквите во епархијата Митрополтот Брегалнички г. Иларион во својата резиденција на Исарот приреди зедничка трпеза на љубовта и им додели скромни црковни подароци“- се вели во истата вест од 2014 година.

АКО.мк