Солза Грчева: Повредена е глумицата Арна Шијак, нема да не заплашат

,,Повредена е глумицата Арна Шијак. Примена е во болница со повреди на двете нозе. Една млада девојка доби нервен слом од шок бомбите. Беше ужасно. Мене ме покри со кошула и ме водеше еден господин кога почнаа да фрлаат солзавец. Се тргнавме во ГТЦ, но и таму пуштија солзавец и продолжија со шок бомбите. Само што малку се смири ситуацијата, тргнаа цели групи од единиците за брзо распоредување да не бараат низ ходниците на ГТЦ.
Нема да не заплашат. Напротив, ова е денот на национално отрезнување!“-напиша претседателката на партијата Глас за Македонија, Солза Грчева, за вечерашните случувања на протестите пред Собрание на РМ.