Јунајтед и ПСЖ вечерва го играат првиот дел од двомечот во осминафиналето во Лигата на шампионите. Ова е еден од најитересните мечеви во оваа рунда во ЛШ.


Оле Гунар Солскјер – Манчестер Јунајтед

Оле Гунар Солскјер има 11 меча во низа без пораз на клупата на Јунајтед, оптимист е пред вечерашниот дуел со ПСЖ но и внимателен.

„Навивачите и играчите со нетрпение го очекуваат овој натпревар, се надевам дека моите играчи ќе влезат на овој меч полни со самодоверба. Кога на некој тим му недостасуваат неколку клучни играчи сигурно дека ќе има влијание во нивната игра, но отсуството на едни ќе им даде шанса на други играчи, тоа може да биде непредвидливо по нас, ние направивме добра анализа за тоа што не очекува вечерва“ – изјави Солскјер.

Манчестер Јунајтед го пречекува ПСЖ вечерва од 21 часот.