Сончев есенски четврток

Последниот четврток во септември ќе биде сончев и топол. Наутро ќе биде ведро и малку студено. Слабо, локално котлинско замаглување е можно во периодот од 6 до 8 часот. Денот и вечерта ќе бидат исто така ведри, а ветер речиси и ќе нема.

Температурата наутро ќе биде во интервалот од 4°С до 8°С во поголем дел од котлините, околу 2°С во Малешевијата и околу 10°С на југоисток.

Максималната температура низ котлините во источниот регион ќе има вредност 23°С и 27°С, на запад помеѓу 20°С и 23°С, а на југоисток до 28°С.

Скопскиот крај очекува претежно ведро време со мала облачност. Минималната температура ќе има вредност околу 6°С, а максималната околу 26°.

До крајот на неделата исто така се очекува сончево и пријатно топло време до 27 степени во текот на денот.

Извор: Метеопро