Сопругата на холандскиот амбасадор во Либан почина од последици на експлозијата во Бејрут

55 годишната сопруга на холандскиот амбасадор во Либан, почина од последици на експлозијата што се случи пред неколку дена во пристаништето во Бејрут.

Како што наведува холандското министерство за надворешни работи, таа стоела во дневната соба од нивната резиденција веднаш до сопругот.

Била зафатена со разурнувачкиот бран од експлозијата, тешко повредена и вчера починала.

Како што наведува агенцијата Ројтерс, амбасадорот Јан Валтманс, поминал со полесни повреди.

Зградата на холандската амбасада е тешко оштетена.

Разорната експлозија уништи илјадници згради во Бејрут, загинаа стотици луѓе, а над 6.000 се повредени.

Се трага за голем број исчезнати.