Сопругот на Силвија Стојановска бил организатор, а таа соработник на меѓународна криминална група за шверц на кокаин

Сопругот на актерката Силвија Стојановска, Воислав Будисавјевиќ, е првоосомничен за организирање на шверц со коакин и се води како еден од водачите на меѓународната криминална група која била предмет на обработка на американската ДЕА, шпанските и македонските безбедносни служби.

Како што рече на прес конференција, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, Силвија Стојановска е лоцирана како соработник и преку неа се пренесувани значителни суми пари, дејствувала како логистика, а со таа цел во текот на летото патувала и во Шпанија.

Во периодот јули-декември 2019 се преземни координирани полициски акции за обезбедување докази за двајца македонски државјани, кои биле дел од меѓународна организирана криминална група, за пренесување на 700 кг кокаин од Колумбија во Шпанија.

Дрогата е запленета во Мадрид на 18 декември оваа година.

Лидер на групата бил Будисајевиќ кој веќе имал забрана за патување во странство поради претходни кривични дела поврзани со шверц на дрога.

Затоа, тој го вклучил неговиот брат, кој е жител на Белгија.

Силвија Стојановска учествувала логистички, така што обезбедувала сместување за братот на сопругот и тоа го плаќала од сопствени картички. Потоа, самата отпатувала во Мадрид од каде подигнала 10.000 евра.

Во домот на Стојановска, според обвинителката, се обезбедени цврсти докази за нивната вмешаност во шверцот со кокаин.

Инаку, Воислав Будисавјевиќ, е од порано познат на полицијата.

Во 2010 година беше осуден заедно со Персида Момировска – Мадам Пепи, поради шверц на кокаин и брендирана облека. Момировска, покрај брендираната гардероба која била крадена најчесто од Германија и Италија, во својот стан продавала и кокаин кој од Перу ѝ го набавувал токму Будисавјевиќ.

Сепак, според првостепената пресуда, Будисављевиќ никогаш не беше суден за овие дела, односно тој одговараше само за фалсификување на службена исправа, бидејќи во станот на Мадам Пепи беа пронајдени негови фалсификувани лични документи, односно фалс бугарски пасош, лична карта и возачка дозвола, кои се воеделе на името Симов Лазо.

Тогаш,во 2014 година, МВР го презеде Воислав Будисавјевиќ откако беше екстрадиран од Белгија, за издржување на затворска казна.

АКО.мк(Е.Л)