Сопругот на шпанската принцеза ќе оди во затвор речиси 6 години

 

Судот во Палма де Мајорк,а на сопругот на шпанската принцеза Кристина, Ињаки Урдангарин, му даде рок од пет дена да почне да ја отслужува затворската казна од пет години и десет месеци. Судот пресуди дека Урдангарин е виновен за измама и даночно затајување, но го ослободи од обвинението дека фалсификувал документи.

Урдангарин, кој со шпанската принцеза Кристина има четири деца,се појави пред судот за да му биде соопштено кога да почне со отслужување на затворската казна. Врховниот суд ја потврди пресудата и дека принцезата Кристина имала корист од кривичните дела сторени од нејзиниот сопруг и ѝ е одредена парична казна.

Инјаки Урдангарин е поранешен шпански ракометар, а принцезата на Шпанија ја запознал во 1996 година на Олимписките игри во Атланта. Една година подоцна се венчале.