Сопственикот на АТС-Груп Шефшет Демировски пуштен на слобода со кауција од 200.000 евра

По еден месец притвор поминат во затвор во Србија, Шефшет Демировски, сопственик на наменската фабрика, АТС Груп од Скопје , е пуштен на слобода со кауција од 200.000 евра, јавуваат српските медиуми.

Според Новости, Демировски во текот на судскиот процес ќе се брани од слобода, но привремено му е одземен македонскиот пасош и му е забрането да го напушта местоото на престојување бо Белград.

Демировски е обвинет за давње мито во случајот ,,Први партизан“, во Србија.

Минатиот месец тој беше уапсен под сомнеж дека на вработени од оваа фабрика за оружје во Ужице им дал мито за да му ги предададт доверливите документи за производство на оружје, снајперска пушка која сакал да ја произведува во неговата фабрика во Скопје.

Минатиот месец АКО.мк пишуваше за оваа афера.