Сопствениците на луксузни возила не сакаат да плаќаат за паркинг

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција во изминатите две недели санкционираа 386 непрописно паркирани возила во Центар. 


,,Сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар мора да престане. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и соодветно да ги паркираат своите возила“-објави градоначалникот Саша Богдановиќ.