Сопственичката на Радио Кавадарци нема да пушта песни од Тамара на програма

По скандалот со химната за кој Тамара веќе се извини, некои медиуми решија да ја бојкотираат нашата пејачка.

Сопственичката на Радио Кавадарци, Трајанка Ѓорчева Митрова, на социјалните мрежи објави дека ,,ненамерно“ ги избришала сите песни од Тамара.

,,Сите песни што ги испеала Тамара Тодевска ненамерно се избришаа од архивата на Радио Кавадарци. Затоа им се извинуваме на нејзините фанови доколку сеуште ги има, што поради оваа ненамерна грешка нема да бидат емитувани на програмата на Радио Кавадарци“напиша таа.

На нејзиниот профил доби поддршка од пријателите.