Младите сакаат да бидат дел од демократскиот западен свет, тоа и го правиме преку мерките и политиките што ги спроведуваме, порача претседателот Зоран Заев на денешната трибина „Иднината на Европа“ во организација на СДММ.

-Од кога СДСМ ја доби честа да ја води државата многу се промени во нашата држава. Сите знаат дека она што го правиме е за сите граѓани, но најамногу за младите. Политиките што ги водиме не се за во моментот да се добијат симпатиите на младите, туку тоа се реални и препознаени во функција за отворање на перспективите на оваа земја, а пред сѐ на младите. Целиот свет признава, целиот свет со убави зборови се обраќаат кон нас. Во глобалниот свет на мобилност на младите, на услугите, на капиталот, нашата борба е да создадем компетитивно општество. Знаеме дека само на тој начин ќе биде примамливо за младите да останат овде. Вие младите сте со јасна цел, сакаат да бидеме дел од западниот демократскиот свет, каде слободите блескаат. Тоа и го правиме, за младите да бидат генератор на развојот на својата татковина, порача Заев.

Колегите од регионот им дадоа поддршка на младите на СДСМ.

,,Чест ми е да бидам гостинка на вашата држава во која премиерот вака седи и разговара со младите луѓе, тоа во Хрватска го немаме на пример, а сме членка на ЕУ“, рече на трибината организирана од СДММ, претседателката на млади социјалисти, Лара Квесиќ.

Заев прави селфи со Квесиќ

,, Ќе направиме се што е во наша моќ да ви помогнеме кон патот кон евроинтеграцијата“ е пораката која од претседателот на СИРИЗА Алексис Ципрас ја испрати генералниот секретар на млади на СИРИЗА, Сотирис Алексиоу, на младинска трибина под мотото ,,Иднината на Европа”во организација на СДММ во Скопје.

Тој додаде дека Северна Македонија има силна поддршка од целиот грчки народ, а посебно од  новата генерација во Грција, која што одбра да се наоѓа на правилната страна на историјата. Преспанскиот договор покажува дека прогресивните и левичарските сили одат заедно храбро и одлучно, а потврда за тоа е дека она што некогаш се сметаше дека е невозможно, денес се покажа спротивното и тоа се реализира-порача Алексиоу.

Претседателот на младите на СИРИЗА, Сотирас Алексиоу