Социјалистите водат на парламентарните избори во Шпанија

Социјалистите имаат предност на парламентарните избори во Шпанија, покажуваат најновите податоци од броењето на гласовите, но немаат неопходно мнозинство за формирање влада.

Според агенциските педвидувања, на второ место се конзервативците и Народната партија, а на трето десничарската Вокс.

Според неофицијални и нецелосни резултати, социјалистите ќе освојот меѓу 114 и 119 пратенички места, неколку помалку од април, а Народната партија меѓу 85 и 90 места.

Шпанскиот Парламент брои 350 пратенички места.

За да формира влада, Социјалистичката партија на актуелниот премиер Педро Санчез мора да обезбеди 176 коалициски пратенички места.