Социјалните мрежи се главен поттикнувач на свирепото убиство на францускиот професор

Сѐ почнало и завршило на социјалните мрежи, вели портпаролот на француската Влада, Габриел атал.

Имено, уапсени се уште 7 лица кои биле во директен или индиректен контакт преку социјалните мрежи со ликвидираниот свиреп убиец, тинејџер од чеченско потекло, кој во Франција е дојден како мигрант и тука добил и засолништво.

Тој бил поттикнат од објавата на пост против убиениот професор кој на час зборувал и покажал карикатура на пророкот Мухамед.

По ова, такото на една муслиманска ученичка преку социјалните мрежи повикал да му се одмаздат на професорот.

Работата ја завршил младиот Чеченец кој пред училиштето изврши свирепо убиство, потоа тоа го објави на социјалните мрежи.

Фрнцускиот претседател, Емануел Макрон, најви широка и темелна акција против радикалните исламисти, забрана за работа на бројни исламистички организации, како и протерување на лица поврзани со нив.

Foto: Reuters