Сојузот на пензионери плаќа за неоснованите тужби против новинари поднесени од Драги Аргировски

С

Основниот суд Скопје 2 Скопје, го одби како неосновано тужбеното барање на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Република Македонија, против новинарите Веле Митаноски од Охрид и Иван Бојаџиски од Штип.

Нив, всушност не ги тужеше Сојузот, туку неговиот претседател Драги Аргировски, со образложение, дека, наводно ,,му сториле клевета”, по член 8, став 3 ВВ, став 1, од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. 

Наводната навреда и клевета, според тужбата на Аргировски,  ја сториле со написи во портали и, ,,партиски соопштенија” за кои не се знае кои се авторите!

Аргировски, не ги тужи двајцата новинари како физичко лице, туку за тоа го злоупотребил (како негов претседател) Сојузот на здруженијата на пензионерите на Република Македонија.

Ова Здружението ќе го чини 24.000,oo денари (Вредноста на спорот за утврување на одговорност за клевета и надоместување на штета изнасува ,,само” 1.230.000,оо денари!) затоа што чесниот суд не најде елементи и не утврди одговорност и го одби барањето  како неосновано.

Ако Здружението не ги врати парите доброволно, ќе ги врати присилно, преку УЈП, ама сега со 50 проценти зголемен износ. А, тоа не се лични пари на Аргировски, туку на сите пензионери, вклучително и на двајцата тужени новинари.

Тоа значи дека  ,,чесниот и за пензионерите грижлив претседател”, со нивни пари, се расфрлал, исправувал фатаморгани и лични ,,криви Дрни”, си истерувал свои, лични ќејфови-реагира тужениот Веле Митаноски.

Обвинетите новинари велат дека оваа злоупотреба е само врв од ледениот брег.

Пред нецела седмица Аргировски, после години криење, конечно се појави пред  Основниот суд во Охрид да сведочи во процес поврзан со неговиот локален пензионерски шериф, а за дејства кои заеднички ги правеле.

На судот Аргировски сведочеше дека сега  не знае ништо од сето она  што заеднички го работеле со претседателот на Здружението на пензионерите за општините Охрид и Дебрца.

Не знае дека, згаснувале жиро сметки, за да не враќаат милионски долгови, Не знае дека овие од Охрид, ја згаснале сметката во “Охридска Банка – Сосиете женерал”, како Здружение, а отвориле нов правен субјект – Актив на пензионери, преку кое вршеле финасиски трансфери на народни – пензионерски пари-пишува Митаноски.

,,Аргировски сведочеше дека не ги префрлал парите лично тој, туку за ,,да не се сетат Власите” (полицијата, судовите, УЈП…) формирале некаков Одбор ( пак од нивни членови на Извршниот одбор!), кој располагал и ги распоредувал средствата слеани од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија издвоени за членарини и солидарен фонд!

Конечно, Аргировски, во врска со судскиот процес пред Основниот суд во Охрид, не знаел дека неговиот локален шериф, пресликано по примерот на главниот бос од Скопје, истерувал лични правдини и ќејфови, за кои, Здружението на пензионери, ќе плати – само за судско граѓански  и извршни трошоци, околу 25.000 евра!Народни-пензионерки пари!

За жал, сето ова,  е само врв на ледениот брег. Допрва ќе следуваат супер-мега афери и скандали,од кои, на пензионерите ќе им се крева на главата на косата – што ја немаат!?“- пишува новинарот Веле Митаноски.