Сојуз за граѓаните

Во организација на институтот ,,Фридрих Еберт,,-Претседателот на најголемата опозициска партија Зоран Заев склучи договор за граѓаните, со потпишување на декларација за подобрување на животниот стандард.

Декларацијата ја потпишаа претставници на другите коалициски партии со СДСМ, потоа Левица и ВМРО за Македонија.

 

,,Ветувањата кои ги испорачуваме е дека социјалната помош никогаш повеќе нема да биде 2.000, 3.000 или 4.000 денари, 12.000 денари е минимален праг со кој може едно семејство, минимум да закрпи достоинствен живот. Секое семејство коешто нема никакви приходи по никаква друга основа, државата ќе му даде 12.000 денари социјална помош, на она семејство кое што има некаков приход ќе му надополни до 12.000 денари, социјална помош и ако сака државата навистина да нема  илјадници  семејства на кои ќе им дава по 12.000 денари, на вистински начин ќе се впрегне да им обезбеди пристојна работа и  соодветен траен приход за сите тие семејства,,-рече лидерот на СДСМ на денешното потпишување на договорот за граѓаните со претставници на политичките партии кои учествуваат на изборите .

,,Работата што ја обавуваат најсиромашните во секторите коишто се доминантни, а тоа се текстилот и кожарската индустрија, конечно мораме да ја смениме таа минимална плата, минималната плата ќе биде до крајот на нашиот мандат до 16.000 денари, со којашто се обезбедува достоинствен живот, просечната плата во Македонија ќе стигне до 30.000 денари, или 1.000 евра за брачен пар,,-рече Заев .