Во Мелбурн, Австралија, возач на автомобил кој бил бркан од полицијата, бегајќи намерно се втурнал во поголема маса народ која се наоѓала во пешачка зона пред трговски центар. Најмалку три лица загинале, а повеќе десетици се повредени.

Како што известува Б92, се претпоставува дека возачот возел со недозволена брзина и изведувал ,,акробации,, со автомобилот пред станицата Флајндерс, по што полицијата тргнала кон него. Но тој без да сопре навлегол меѓу пешаците на улицата Барк.

Сето тоа е регистрирано со мобилните телефони на случајни минувачи.

На првата снимка е моментот на вртење во круг на возачот, кој ја предизвикува полицијата да тргне по него:

На втората снимка одблизу се гледа дека возачот не дозволува ниту автомобилите ниту пешаците да поминуваат  на сообраќајницата, на што сите реагираат нервозно:

На третата снимка веќе се гледаат покосените пешаци со автомобилот на лудиот воач. Кога излегол од автомобилот, тој почнал да пука со огнено оружје кон случајните минувачи.

 

Полицијата исклучува дека станува збор за терористички акт, но сепак загриженоста е порасната и заради фактот дека во Мелбурн се игра тенискиот турнир, Австралија опен.

АКО.мк,агенции