Со асистенција на полиција расчистена дива депонија во двор во Лисиче

 Инспекторатот на град Скопје, на улица Ѓорги Капчев бр. 22, Лисиче, општина Аеродром, пристапи кон реализација на донесеното решение од страна на овластен инспектор за животна средина за расчистување на приватен двор од дива депонија.

Дворното место е затрупано со секаков вид отпаден материјал кој се пали и користи како огревно средство. ЈП Комунална Хигиена по налог на град Скопје пристапи кон чистење на локацијата. Повикана е и асистенција од Министерството за внатрешни работи. Се работи за огромна количина на отпаден материјал, соопшти инспекторатот.