Во ирскиот град Дунгивен се случи несекојдневна кражба, рано наутро околу 04:30 часот изминатата недела.

Според сопствениците на објектот, продавница и бензинска пумпа, кражбата со багер е извршена од неколку мажи кои успеале да го откорнат целиот трезор со пари и да го однесат со себе.

Ова е последната во серијата кражби на банкомати од двете страни на ирската граница, осма во 2019 година.

Багерот бил украден од градилиштето кое се наоѓало во близина, а потоа оставен на местото на кражбата.

Сопственикот на објектот вели дека снимките од безбедносните камери покажале дека крадците го однеле банкоматот со Citroen Berlingo , чиј покрив претходно бил искршен за да ја собере внатре големата каса.

Полицијата предупреди дека може да има неколку банди вклучени во кражбите на банкоматите во Северна Ирска.