Со Баховата ,,Воздух” против дивата депонија во Тетово

Деценискиот проблем со кој се соочуваат жителите на Тетово, за младите музичари беше предизвик да одговорат на свој начин. Уметници оригинално протестираа против загадувањето и депонирањето на ѓубрето, свирејќи на дивата депонија.

На виолончело свири Паскал Краповски

Сред отпадот тие ја свиреа суитата од Бах „Воздух“ во знак на револт против местото за собирање на отпад на влезот од Тетово. Овој протест е организиран од организацијата „Екогерила“ на почетокот на фестивалот на филмот и поезијата „Денови на Наим“ кога се очекува многу уметници да пристигнат во Тетово.

Извор: AlsatM