Со вилушкар однеле цел банкомат (видео)

Во Конвеј, Арканзас, крадците решиле да не се мачат и да го обиваат банкоматот сместен во дворот на  “First Service Bank”, туку во текот на ноќта дошло со камион-вилушкар и целиот го однеле со себе.

Целата операција според полицијата во Конвеј, ја завршиле за една минута. Но, се разбира дека безбедносните камери го регистрирале овој , необичен потфат на крадците, по кои сега се трага врз основа на оваа снимка.