Со два истрела од службениот пиштол обезбедувањето на Спасовски ги спаси од убиство

Служеното обезбедување на поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски откако се легитимирал пред насилниците кои тргнале да ги убијат пратениците Заев , Шекеринска,Спасовски,Села и другите, дека е полициски службеник и откако тие одбиле да сопрат, за да спречи линчување бидејќи имало повици ,,убиј го Заев“, предупредил, па испалил прво еден, па уште еден куршум во воздухот. Тоа ,според Зоран Заев, било клучно да се спречи нивно убиство, за што имало јасни намери.

,,Ова вчера беше обид за убиство по план и добра умисла. Тоа можете добро самите да го анализирате. Од влезот на луѓето во Собранието, посочувањето и однесувањето на маскираните лица координирањето со одредени структури во полицијата, директно доаѓањето таму кадешто се поединците коишто се фокусирани, пред се секако на пратениците од мнозинството. Ова вчера беше обид за убиство со умисла и по план.

Јас верувам дека истрагите ќе ги откријат до крај сите потреби и сознанија на сите тие поединци. Јас лично ги познавам сите тие коишто директно со жар и крв во очите бараа одземање на животите. Верувам дека дел од нив беа полицајци, дел бандити. Но истрагата тоа ќе го покаже, да не прејудицираме. Верувам дека нема да остане никој трајно скриен зад својата маска заради тоа што се познаваат луѓето и вака скриени“-рече Заев.