Ден како создаден за скијање на Попова Шапка. Ведро, со слаб ветер, кој на моменти може да биде и засилен, како што впрочем и знаат временските прилики на оваа планина да се менуваат од час во час.

Но, скијачките патеки се добро изгазени, ратраците во претходните денови се обидуваа да го задржат снегот на патеките, со оглед на лошите временски прилики и силниот ветер.

Сепак и покрај ова има  малку гости, а скијачките капацитети се делумно во функција..

Вака стартуваше денешното скијачко доживување за малкумината посетители, кои засега ќе имаат можност да скијаат само на жичниците Аеродром и Двосед, а Тетекс и Пионер, кои практично се попривлечни за поискусните скијачи, не работат.

Во претходниот период од сезоната имаше на два-три пати обиди за старт на сезоната, но по кратко и организаторите на скијањето и скијачите се откажуваа или заради лошите временски услови или заради расипаните жичници.

Цените за оваа скијачка сезона на Шапка се следните. Сезонскиот билет е 10.000, дневниот билет, кој важи од 9 до 16 часот, ќе се продава по цена од 900 денари, полудневниот билет, кој важи од 12 до 16 часот, е 600 денари, тридневниот билет е 1.800, седумдневениот 5.000 денари. Билетот за ноќно скијање, кој важи од 19 до 22 часот, ќе чини 500 денари.

АКО.мк