Со дрон убиени терористи во Јемен

Двајца високо позиционирани членови на Ал Каеда се убиени во напад со дрон на американската војска во Јемен, изјавиле локални официјални претставници за Ројтерс.

Ова е трет ваков напад со дрон во централен Јемен оваа недела, а неколку водачи се ликвидирани во изминатите години.

САД признава дека користат дронови во борбите против исламистичките милитантни групи во Јемен, кој се смета за едно од најсилните упоришта на Ал Каеда, но не ги коментираа јавно споменатите напади.