Со жребување определени местата на партиите на избирачкото ливче

Коалицијата предводена од ВМРО ­ДПМНЕ, според жребувањето е под реден број еден, број два е за Демократската партија на Албанците (ДПА), три за Демократската унија за интеграција (ДУИ) и редниот број четири го извлече Коалицијата предводена од СДСМ.

Под број пет на гласаќката листа ќе биде Коалицијата „За промени и правда­ ФРОДЕМ“, ДЕМОС, ДС, МОРО­, број 6 ќе биде Партијата за демократски просперитет (ПДП), седум Коалицијата „Алијанса за Албанците“, осум Либерална партија, девет ВМРО за Македонија, десет на избирачкото ливче ќе биде Движење БЕСА и 11 е за политичката партија Левица.

Под овие броеви коалициите и политичките партии ќе настапуваат во сите изборни единици.

Во понеделник на 21 ноември започнува изборната кампања и трае до деветти декмеври на полноќ.

Во недела коалициите и политичките партии кои ќе учествуваат на изборите треба да потпишат Кодекс за фер и демократски избори.

Изборите се одржуваат на 11-ти декември.