Со забрана за пристап продолжуваат градежните работи на Водно

Граѓанските активисти кои дежураат на Водно за да спречат продолжување на изградба на трасата за гасовод, објавија дека од фирмата изведувач постабиле табла со предупредување за забранет пристап.

Тие веднаш одговорија:

Вчера дојде до инцидент меѓу вработени на фирмата изведувач и граѓанските активисти кои ја спречија работата на багерите.

Активистите тврдат дека раководителот на смената му издал наредба на багеристот да продолжи, па ако треба и да гази, но наводно, багеристот не послушал и излегол од багерот.