Годинава Охридско лето, востановен како фестивал на сериозната музика, во меѓувреме модифициран со разни жанрови, го одбележува својот јубилеен 60 роденден.

Оваа година ќе се памети и по начинот на кој беше организиран поради епидемијата на Ковид 19.

Во античкиот театар во Охрид се почитуваа сите заштитни мерки.

Како покровител на Фестивалот, за отворен го прогласи претседателот Стево Пендаровски, кој со сопругата присуствуваше на овој чин.

,,Преку Охридско лето шест децении наназад, со својата извонредност нѐ почестија македонски, европски и светски уметници. Ова достигнување е заслуга на генерации културни работници и поддржувачи кои со својот труд и со посветеноста се вградија себеси во мисијата на овој фестивал.Императив е да вложуваме во културата, и во годините пред нас, од тука, од Охрид, уметниците да продолжат да учествуваат во градењето на свет што ќе биде праведен и благороден“-рече Пендаровски.

Охридско лето се одржува до 30 август со богата музичка програма.