Со крст во раце ја слават победата на ВМРО ДПМНЕ

Приврзаниците на ВМРО ДПМНЕ ја прославија победата од два пратеника разлика во однос на СДСМ. Тие со свирежи од автомобилите, а потоа и гласна музика и петарди и огномети неколку часа шетаа низ улиците во повеќе градови во државата. За жал некои од славениците , со лоша смисла за црн хумор, шетаа со крст во раце на кои е испишано името на лидерот на опозцијата и неговата година на раѓање и умирање.

Други приврзаници на ВМРО ДПМНЕ славеа со големо знаме на партијата пред седиштето во Скопје.

 

image-0-02-05-5354fae381796803142c475f1c0b854609f4e1cdee12e806d313a249389f83b5-v-640x366

Најдалеку отиде Димитар Стевананџија од Прилеп кој е на пратеничка листа и за овие избори кој на својот ФБ профил победата на неговата партија вака ја искоментира:

(Димитар Стевананџија
2 hrs ·
МАКЕДОНИЈА 51 : ALBANIJA :49 Македонецот сам против СИТЕ!!! НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ : БИДИ ГОРД!! Радувај се!!!!)