Со лажни фотографии косовска пратеничка обвини дека српски војници силувале Албанка и дете

o

Косовските медиуми објавија дека пратеничката Фљора Бровина, на вчерашната седница на парламентот, во прилог на Декларацијата со која се осудува геноцид над Албанците од страна на Србија, употребила лажни фотографии со обвинување дека на нив се српски војници кои силуваат Албанка и дете за време на војната во оваа српска покраина кон крајот на минатиот век.

Порталот Кошев пишува дека пратеничката на Демократската партија на Косово, на претседателот Тачи, објавила фотографии симнати од ирачки појно сајт.

Во текстот на овој портал пишува дека кога пребарувале на Гугл, наишле на истата фотографија која е поставена пред повеќе години на порно сајт.

Се обиделе да ја контактираат пратеничката Бровина, но таа не се јавувала на телефонскиоте повици.

Сајтот Инсајдери од Косово пак, тврди дека на фотографијата се американски војници кои веќе биле осудени за силување во Ирак, а овие фотографии биле користени во доказна постапка.

https://insajderi.com/fotografine-qe-e-publikoi-sot-deputetja-e-pdkse-gjenden-ne-nje-faqe-pornografike-te-irakut/?fbclid=IwAR1uPqHVh4_zpZeLrdzrjjKMCGy5fJSdeGyoET-8KTHuPnr8n2svIgPatrQ

На фотографијата во десниот агол горе, пишува ,,US Military crimes”, пренесува порталот Кочев.

Мрежата на косовските жени ја осуди постапката на пратеничката, наведувајќи дека со ова ги погазила принципите и навредила достоинството на сите силувани жени.

Вчера косовскиот Парламент донесе Декларица со која прогласи геноцид над Албанцијте од страна на Србија и бара формирање на посебен меѓународен суд.