Со масовно гласање оваа власт ќе падне

Павле Трајанов, Јове Кекеновски, Слободан Богоески и кандидатите за пратеници во втората изборна единица, престојуваа во Куманово каде одржаа прес конференција и повикаа граѓаните да излезат масовно на гласање во недела.

На прес конференцијата Павле Трајанов, носител на кандидатската листа на пратеници во првата изборна единица, од Коалицијата за промени и правда ги повика граѓаните да излезат на гласање и да гласаат за нив, како гарант за стабилност, сплотеност и единство.

Со поддршката која ја имаме, очекуваме, со 20 пратеници, да го урнеме и демонтираме овој еднопартиски, олигархиски и криминален режим, кој ја доведе државата во тешка криза, а народот во невидена несигурност, неизвесност и сиромаштија-рече Трајанов.

Во прашање е доведена иднината на државата, затоа ни треба поддршка.
Ќе преземеме робусни мерки против криминалците во власта, и за година дена ќе се справиме со политичката мафија, а украдените пари ќе им ги вратиме на граѓаните-рекоа на прес конференцијата.

Со стратешкиот проект ДЕКРИ, гарантираме дека 6 милијарди евра украдени од граѓаните, ќе ги вратиме на граѓаните.
За младите и креативни кадри, ќе создадеме услови да се отворат над 30.000 мали фирми во кои ќе се вработат на 90.000 невработени лица, кои самите ќе создаваат, градат и творат, овде во Македонија-порачаа од Коалиција за промени и правда.