Со молотови коктели нападнат Музеј на албанска азбука во Битола

Рано утрината Музејот на албанската азбука во Битола бил нападната со три молотови коктели фрлени од неколку лица кои потоа избегале.

Како што изјави директорот на музејот Нуер Арслани, 4 маскирани лица со молотови коктели се обиделе да го запалат музејот, но за среќа само успеале да ги искршат прозорците.

Граѓани кои живеат во околината кажуваат дека случнале експлозија и кршење на стаклата.

Ова не е првпат овој музеј да биде цел на напади, руинирање или испишување графити на него со навредлива или заканувачка порака.

Фото:МКД.мк