Со музиката на Роби Вилијамс придружуван од руските оперски диви и бројни оперски пеачи од Русија свечен отворено 21. Светско првенство – Русија 2018. Роби Вилијамс ги изведе своите најпознати хитови и ги разигра присутните на трибините. Исто така пееше и Аида Гарифулина, една од најпознатите руски оперски пејачки.

Говор на отворањето имаше и рускиот претседател Владимир Путин, како и првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.

Првенството се отвори на „Лужњики“ со натпреварот меѓу домаќинот Русија и Саудиска Арабија а топката на центарот ја донесе Роналдо.