Со нож и чекан ја усмртил сопругата и тешко ја повредил ќерката, па се самоубил

Таткото и сопруг, 54 годишниот Б.А. изминатата ноќ го малтретирал своето семејство,а потоа најбрутално ја убил сопругата. Во намера да ја спречи трагедијата и да и помогне на мајка си, 22 годишната ќерка била исто така нападната од својот татко и сега е се уште во безсознание, згрижена во локалната болница.

,,На 15.02.2018 година во 03.10 часот во Полициската станица Кочани се јавилa женa и пријавилa дека во куќа на ул. „9-ти Мај“ во Кочани таткото ги тепал сопругата и ќерката. Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што на покривот од куќата го затекнале Б.А.(54) од Кочани. Непосредно по доаѓањето на полициските службеници, Б.А. скокнал од покривот и починал. Во куќата во неконтактибилна состојба биле затекнати Л.А. (44), сопруга на Б.А., и неговата ќерка И.T.(22). Тие биле пренесени во Општата болница Кочани, каде Л.А. починала, а И.T. се уште се наоѓа во неконтактибилна состојба. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, информира МВР.