Инспекторатот на Град Скопје изврши ноќно снимање со дрон во Вардариште – Гази Баба каде биле забележани два огна со запален секаков вид материјал. На лице место не е најден сторител повикана е Пожарна Скопје, информира Инспекторат на град Скопје.

Во иднина ноќните снимања со дрон ќе бидат почести, а исто така ќе биде активирана и термалната камера.