Со пиштол ,,го бранел“ неносењето заштитна маска во продавница на Флорида

Еден човек кој буткал пријател во инвалидска количка, извадил пиштол откако друг маж кој бил со својата ќерка во продавница на Флорида му забележал зошто не носи заштитна маска.

Пред да го извади пиштолот, мажот што одбивал да стави маска на лицето му покажал среден прст.

Во САД голем број луѓе се спротиставуваат да носат заштитни маски на лицето поради епидемијата на Ковид 19.

Некои одат до таму што формираа движење и протестираа, а во некои градови заседаваа и советите на општините за да ги чујат нивните ставови зошто не сакаат да носат маски.

Дел од тие ставови беа пренесени во медиумите низ целиот свет.

,,Не сакам да носам маска, како што не носам гаќи, некои работи треба да дишат“-рече една жена од говорницата…и остана жива.