Со селфи од болничкиот кревет Милошоски порача дека има покачена температура

Антонио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ е примен на Инфективна клиника со покачена температура.

Објави фотографија од болничкиот кревет и порача дека е добар.

,,Почитувани пријатели,
денес околу 16ч од домашна изолација бев примен на Инфективната клиника, заради повеќедневна покачена температура.
Други симптоми немам, дишењето е добро, апетитот и расположението исто така.

Вчерашниот тест покажа негативни резултати на Ковид19, но по препорака на специјалист од инфективна клиника, денес направивме уште еден тест, чии резултати се очекуваат во текот на утре“-напиша на ФБ МИлошоски.

Неговата мајка е заразена со корона вирус и тој од пред неколку дена е водомашна аизолација.

Исто така и родителите на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се позитивни на КОвид 19 и се лекуваат во Систина..