Со солзи во очите Тереза Меј најави оставка

Британската премиерка Тереза Меј, најави дека на 7 јуни ќе се повлече од сите функции, претседателската во нејзината Конзервативна партија, а потоа и од премиерската.

По неуспехот да направи јасен план за излез на Велика Британија од ЕУ, британската премиерка заминува неславно од лидерската позиција.

Трката за нејзиното место во партијата веќе започна, а најверојатно ќе ја наследи поранешниот градоначалник на Лондон и министер за надворешни работи, Борис Џонсон.