Со ѕидови против мигрантите

Ѕид со должина од 100-тина и височина од 4 метри се гради во предградието на Минхен , кој треба да го одвои кампот за млади емигранти од локалнаото население.

Многумина веќе коментираат дека ова ги потсетава на берлинскиот ѕид, но локалното население е категорично дека ова е нужно и заради заштита и заради безбедност.

 

zid-kamp

Тие стрхуваат од однесувањето на емигрантите кои вообичаено им прават проблеми на жителите во другите градови, но бараат и добра звучна изолација затоа што вообичаено младите доселеници се многу бучни.

Во кампот ќе бидат сместени околу 160 млади азиланти кои се без придружба на возрасни.

Локалното население веќе има проблем со продажба на некретнини, а кога ќе се доселат азилантите очекуваат состојбата дополнително да се влоши.