По вчерашната објава за продажба на пит бул за борби на ФБ страницата ,,Купи-продај“, Здруженито ,,Шепасити ентузијасти“, веднаш реагираше, така што, како што велат во својата објава, се договориле со ,,продавачот“ да го купаат кучето.

,, Знаевме дека ова е единствениот начин кучето да не заврши во погрешни раце.

Агресивноста која многу често се припишува на овој вид раси е сосема спротивното од она што нѐ пречека кога ја видовме. Најмилата девојка на свет не чинеше (само) 100 евра, трошоци кои ги подмиривме заедно со Ели.

Но, најважно од сѐ е тоа што рутинската контрола на ветеринар ни откри дека ова куче си има чип, па оттаму си го врати името – Бамби, а и сопственикот – Бојана. После цела година барање и агонија на сопствениците, тие конечно успеаја да си го пронајдат најдобриот пријател! На радоста и немаше крај…“-велат од Шепасти…

,,Се што треба е да не се откажувате никогаш!

И да, секогаш чипирајте ги вашите миленици, затоа што тоа е единствениот начин тие да го пронајдат патот назад до вас, во вакви случаи“-советуваат овие млди ентузијасти, љубители на кучиња.