Спасени 5 македонски сноубордисти изгубени на Пирин планина во Банско

Во моментов, десет спасувачи ја извршуваат операцијата за спасување на  пет македонски граѓани, сноубордисти , кои од падините на Пирин планина во Банско испратиле порака за помош.

Како што информираат бугарските медиуми, сите се во добра состојба и се очекува  операцијата да заврши наскоро.

Ова е уште еден пример за неколку дена на непридржување кон препораките да не се вози надвор од означени патеки.

Вчера, 6 млади сноубордисти од Србија исто така беа заскитани низ Банско, а спсувачки екипи ги извлекоа на  безбедно.