Спасовски:Сметам дека нема потреба од дополнително обезбедување на Груевски(видео)

,,МВР не може да биде приватна агенција за обезбедување и на било којшто ќе му текне или смета дека му е загрозена безбедноста да му доделува обезбедувачи“-изјави Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Спасовски смета дека ниту за Никола Груевски , кој побарал дополнителни 20 обезбедувачи , ниту зе било кој друг поранешен функционер, не се потребни дополнителни обезбедувачи. Сепак ќе остави да проценат службите какви закани пријавил Груевски дека има и од кого, па ќе донесе одлука дали ќе го прифати неговото барање. Спасовски исто така смета дека поранешниот закон за обезбедување на функционери откако ќе им престане мандатот е рационален и добар, а тоа значи дека најмногу една година може да користат државни ресурси по престанокот на мандатот. Тој не го поддржува законот што го донесе поранешната Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ, на премиерите откако ќе им престане мандатот да им следуваат обезбедувачи, возач и автомобил толку години, колку што им бил мандатот.

Спасовски потврди дека дополнително обезбедување заради наводни закани побарале и Саши Мијалков и Митко Чавков. Тие веќе користат службено полициско обезбедување, што според министерот, мора да престане како практика бидејќи МВР не е приватан агенција за обезбедување.

Полицаец кој го обезбедува Мијалков е суспендиран од работа, затоа што неодамна истепал жена и тоа во присуство на негови колеги.