Спасовски: Три прекршочни пријави за Диме Спасов

Врз основа на сите факти, констатирано е дека Туарегот е управуван од дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Тој појасни дека Спасов во двете сообраќајки кои ги направил го напуштил местото на настанот и не ги почитувал знаците и наредбите од полицијата за застанување со возилото.

„Утврдени се оштетите настанати при случувањето на двете незгоди. Врз основа на законот за безбедност во сообраќајот ќе бидат поднесени пријави за напуштање на местото на настанот, бидејќи не постапил по барањата на полицијата и не го сопрел возилото на време, рече Спасовски.