Спектакл во Загреб: Ветерани ќе скијаат на централната улица

Вечерва во главниот град на Хрватска ќе се одржи невиден скијачки спектакл и тоа на патека која е формирана во должина од 168 метри со стартно плато под главната Катедрала , па се до плоштадот Бан Јелачиќ. Снегот е донесен со 40 камиони , а патеката е направена со помош на специјални машини, јавуваат хрватските медиуми.

snijegstazah20170102001311

На оваа патека ќе се вози ревијална трка на која ќе учествуваат скијачки легенди како Јаница и Ивица Костелиќ, Алберто Томба, Тина Мазе ид руги. Градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ со воодушевување зборуваше за овој настан и го нарече единствен во светот, каков што никој досега не видел.