Специјалци го чуваат Живко Митревски(видео)

 

 

Околу триесетина припадници на специјалните полициски единици се распореди пред и во влезот на зградата на  Сојузот на синдикатите на Македонија. Тие се распоредени за да го обезбедуваат Живко Митревски кој со одлука на Министерство за труд и социјална политика останува на чело на ССМ, а неговите противници како и новоизбраниот лидер протестираат пред зградата.

– Полицијата дојде во голем број и синдикатот е максимално обезбеден да се спречи нашето влегување таму иако ние имаме право да бидеме во Синдикатот. Ја прашавме полицијата зошто не не пуштаат внатре, ни рекоа дека имаат таква наредба, побаравме да ја видиме наредбата, вели Пеце Груевски од Синдикатот на УПОЗ.