Споменот на Тоше е вечен

Денеска, 16 октомври 2016 година, се навршуваат девет години од загинувањето на Тоше Проевски. По тој повод, а во негова чест, си даваме за право да потсетиме на еден од најубавите дуети снимен воопшто, Тоше Проески – Наум Петревски, специјално за една од Новогодишните емисии на Телма пред десетина години.

Пред исто толку години беше направена ексклузивната емисија за истата телевизија, од престојот на Тоше во Израел.

Овие историски видео документи беа направени од екипа искусни новинари и професионалци кои не се веќе дел од телевизијата.

Тоше Проески трагично го изгуби животот на 16 октомври 2007 година во Хрватска. Тој беше еден од најдобрите вокали на сите времиња на овие простори.