,,Спона” организира хуманитарна забава ,,Подари радост”

По повод претстојните божиќни и новогодишни празници, Културно информативниот центар на Србите во Македонија Спона, со помош на своите пријатели, спортисти и луѓето со добра волја, повторно организира акција за собирање средства за купување на пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства. Да им помогнеме на најмладите да имаат посреќни празници-повикуваат организаторите.

Ги повикуваме сите добри луѓе да ни се придружат, да се дружиме и заедно да собереме средства за пакетчиња. Хуманитарната забава под назив „ПОДАРИ РАДОСТ“ закажана е за сабота 17.декември 2016, во просториите на МКЦ од 21.00 часот.

Со оваа акција сакаме барем на момент да ги усреќиме децата на кои навистина им е потребна помош. Ги повикуваме сите наши пријатели и компании, да помогнат и да донираат во согласност со своите можности, затоа што детската насмевка нема цена. Собраните средства ќе бидат исклучиво искористени за купување на подароци.

За оваа забава нема да има влезници, потребна е само добра волја, затоа дојдете да се дружиме и донирајте!
ПОДАРИ РАДОСТ – Среќата е поголема кога се дели! Ве очекуваме!-се вели во повикот од Спона.